|
|
|
|
Фирмата Секјуриком во Македонија
е основана 2000 год. од страна на австриската компанија Securiton
Internacional .
Основна дејност на фирмата е давање услуги од областа на
професионално одржување на хигиена, обезбедување на објекти,
тековно одржување, дактилографски и градинарски услуги.
Услугата како основна дејност на фирмата Секјуриком, како фирма
ќерка на австриската компанија Securiton Internacional има долга
историја.
Компанијата Securiton internacional, своите корени ги влече од
првата Виенска чуварска компанија, една од најстарите компании за
обезбедување во Европа, основана далечната 1904 год. во Виена.
Со текот на времето дејностите се прошируваат и фирмата експандира
надвор од границите на Р. Австрија, отварајќи свои
претставништва во Чешка Словачка, Хрватска, Египет, Арабија и др.
земји.
Во Р. Македонија Секјуриком моментално вбројува над 900 - тина
вработени од кои поголемиот дел се превземени од предходниот
работодавец и опслужува голем број на клиенти, меѓу кои Тутунски
Комбинат Скопје , Службата за општи и заеднички работи при Владата
на Реп. Македонија, , Министерство за Внатрешни работи на Р.М.
Пивара АД. - Скопје, Про-кредит Банка, Хипо Алпе Адриа, Туш,
Шпанска амбасада, ВИП оператор, Аутомобиле СК, и др.
За квалитетно извршување на услугите во Скопје и во 29 општини низ
Реп. Македонија, фирмата Секјуриком располага со најсовремени
средства и машини за работа, увезени од просторите на ЕУ, како и
со стручно обучен кадар, кој на редовните обуки во Реп. Австрија
има можност за постојано усовршување и проширување на своето
знаење, и освојување на западноевропскиот метод на работа и
обучување на персоналот.
|
|
|
 |